НАЈДОБРИТЕ НАМИРНИЦИ ЗА РАМЕН СТОМАК!

popara10 јуни, 20241min00
Screenshot_7

Внимавајте што јадете. Ако сте ја довеле линијата до совршенство резултатите нема да бидат видливи ако стомакот ви е постојано надуен. Оваа храна може да помогне во борбата против надуеност на стомакот.

 

 

 

Краставица

Овој зеленчук често го користиме за салата или како грицки за здрава ужина. Краставицата е богата со вода која помага во борбата против надуеноста.

 

Лубеница

Рамо до рамо со краставицата, лубеницата е една од „најводените“ намирници. Парче од оваа посластица нема повеќе од 100 калории и не содржи шеќер, па можете слободно да уживате во нејзиниот неодолив вкус.

 

Белка од јајце

Направете омлет од белки и нема да имате проблем со надуеност на стомакот. Белката е богата со протеини и кога ја консумирате станува вистински диуретик кој ќе ве ослободи од притисокот во стомакот.

 

Црно грозје

Ова овошје е задоволство за вашите сетила, но и за стомакот. Црното грозје ја намлува надуеноста во стомакот и гасовите. Ставете го грозјето во фрижидер преку ноќ и може да ви послужи како грицка во текот на целиот нареден ден.

 

Студено кафе

Избегнувајте газирани пијалоци, бидејќи од нив стомакот ќе ви страда. Кога сакате да се освежите, одберете студено кафе, или чај. Немојте да заборавите да избегнувате големи количини шеќер во овие намирници.

 

Авокадо

Вклучете здрави маснотии во својата исхрана. Авокадото, рибата и маслиновото масло ќе ве ослободат од надуеност и нема да морате да се грижите за изгледот на стомакот.

 

Бадеми

Ако се чувствувате како буренце, грицкајте бадеми и фстаци, но немојте да одберете посолени, бидејќи со додатокот на сол нема да можете да се ослободите од надуеноста.

 

Тиквички

Овој вкусен зеленчук е идеален за подготвување на многу јадења и за „лечење“ на надуеност во стомакот. Тиквичките на скара ќе ве заситат без многу калории, па нема да морате да јадете хррана која ви го дуе стомакот, како на пример зелената салата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag