Четири мирисни ноти кои позитивно влијаат на расположението: Ќе ве направат сензуални и неодоливи за спротивниот пол

popara23 март, 20231min00
3620616157feeba1ca7a713616e6d811e1e82340

Постојат одредени мириси кои ги активираат позитивните чувства во нашиот мозок

Добар парфем е оној кој има ароматична нота која буди емоции, добро расположение, оптимизам. Ги откривме дури и 4-те најчести и најмоќни ароматични ноти кои позитивно влијаат на сите луѓе:

Бергамот

Дрвото од портокал бергамот цвета во зима, и иако плодот е многу горчлив, цветот често се користи во парфемите поради неговата арома на цитрус. Свеж е и совршен кога ви треба дополнителна доза енергија и позитивни асоцијации, поради што долго време се користи во ароматерапијата против депресија и анксиозност, пишува „Buro24/7“.

Бидејќи го подигнува расположението, бергамотот е идеална мирисна нота за почеток на денот.

Јасмин

Јасминот се смета за една од најважните состојки за правење парфеми, а потребен е цел тон рачно набрани цвеќиња за да се добие само еден литар есенцијално масло. Свеж, но кремаст и богат, јасминот може да биде парфем сам по себе, ја зголемува самодовербата и прави оној што го носи да се чувствува моќно.

Користете јасмин во посебни прилики кога сакате да зрачите со самодоверба и да бидете необјасниво привлечни – иако, зарем секојдневниот живот не е најдобрата можност за тоа?

Бел мошус

Мошусот се користел за правење парфеми со векови, а денес мошусот кој се добивал од тибетски елен е речиси целосно заменет со синтетички, кој освен што дава свежина, прави и останатите состојки од парфемските комбинации да траат подолго. Мошусот е ултимативната нота која ќе направи да се чувствувате добро, смирено, помалку анксиозно.

Парфемите од мошус се одлични за секојдневна употреба или секогаш кога треба да го подигнете расположението.

Ванила

Ванилата традиционално се смета за афродизијак, а без разлика дали е природна или синтетичка варијација на темата, денес е незаменлив дел од ориенталните и гурмет парфемите. Често се нарекува црно злато, а сама по себе е слатка и топла како прегратка.

Носете парфеми кои имаат ванила во себе секогаш кога сакате да се чувствувате заводливо.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag