Венчаницата одлично ѝ прилега: Селена Гомез во бели мартинки и фустан до олтарот

popara23 март, 20231min00
o_28422857_1280

Најблиску до брак беше во врската, која многу нејзини фанови никогаш не ја прежалија, со Џастин Бибер, а во нејзината љубовна историја се вклучени и Ник Џонас, Тејлор Лотнер, Зед и The Weeknd, а моментално Селена Гомез е среќен сингл со официјалниот статус #iamsingle .

Меѓутоа, деновиве на снимањето на третата сезона на телевизиската серија „Only Murders in the Building“ дозна какво е чувството да се дотеруваш и да блеснеш во венчаница. Судејќи според фотографиите од сетот, до олтарот ја придружуваа нејзините филмски колеги Стив Мартин и Мартин Шорт, со кои ги толкува главните улоги во приказната за тројца детективи аматери кои решаваат злосторства во зградата во Њујорк каде што живеат.

image

image

„Бандата се враќа, може ли да биде подобро од тоа?“, со тие зборови Селена Гомез го најави снимањето на третата сезона во која се очекува појавување на специјалната гостинка, легендарната холивудска актерка Мерил Стрип.

image

Веста за овој сосема неочекуван кастинг во меѓувреме е и официјално потврдена на Твитер профилот на серијата, но се уште ништо не се знае за улогата на една од вистинските актерски легенди, ниту колку често ќе се појавува во серијата. „Only Murders in the Building“ и претходно беше домаќин на ѕвезди, но не од ваков калибар – познатиот музичар Стинг глуми во првата сезона, комичарката Ејми Шумер играше измислена верзија од себе во втората сезона, а во актерската екипа се појави и манекенката Кара Делевињ.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag