Мајката на познатата колумбијската Шакира наводно била итно пренесена во болница откако и било откриено згрутчување на крвта во ногата.
Нидија Рипол, наводно, прво доживеала мозочен удар, но таблоидите во Шпанија велат дека извори блиски до пејачката кажуваат дека проблемот е поврзан со длабока венска тромбоза. Исто така, се тврди дека нејзината состојба не влијаела на нејзиниот мозок, но сè уште се чека коментарот на 46- годишната колумбиска пејачка.
Нејзиниот татко, Вилијам Мубарак, наводно, исто така има сериозни здравствени проблеми по операцијата минатата година, што влијаеше на одлуката на Шакира да ја одложи преселбата во Мајами со нејзините две деца, па таа реши тоа да го направи по разводот со фудбалерот Жерар Пике, пренесува „Дејли маил“.
Мубарак бил хоспитализиран минатата година во Барселона, откако паднал. Таткото на пејачката помина тежок откако прво се зарази со коронавирус, а потоа падна и мораше да оди на неколку операции.
Пејачката имала намера да се пресели од Барселона во Флорида на почетокот на годината со своите синови, 10-годишниот Милан и 8-годишниот Саша, веднаш по потпишувањето на договорот.
Сè уште е неизвесно дали Шакира ќе мора повторно да го одложи својот план да ја напушти Шпанија, откако веќе мораше да го стори тоа во јануари, одлучувајќи да чека до крајот на учебната година во јуни. Шакира и Пике во ноември минатата година потврдија дека потпишале договор за старателство на децата по долготрајните преговори за развод кои завршија со маратонска 12-часовна средба на нивните адвокати.
Договорот го финализираа на судот во Барселона во декември. Договорено е шпанската фудбалска звезда да поминува време со децата за време на празниците. Инаку, парот се раздели минатиот мај откако поминаа десет години заедно.