РАЗМИСЛУВАТЕ ДА ДАДЕТЕ ВТОРА ШАНСА? Одговорите на овие 3 прашања ќе ви кажат дали треба да го направите тоа!

popara23 март, 20231min00
617571_34565-web_f

Доколку сте во дилема дали некому да му дадете уште една шанса, обрнете внимание на тоа дали се кае, колку е искрен и што всушност знаете за таа личност.

Веројатно сте се соочиле со дилемата дали некому да му дадете втора шанса во одреден момент од животот.

Психотерапевтот Марко Јовашевиќ истакнува дека во таа одлука би можело да ви помогне доколку одговорите на следниве прашања:

Дали личноста се кае?

Каењето е природен одговор на извинување или подготвеност за промена, но често крие автоматизам, каде што човекот „покажува каење“, но ништо не научил од тоа, па ги повторува истите работи одново и одново. Треба да имате јасни докази дека личноста научила од своите грешки. Ако личноста ве обвинува или ја префрла одговорноста, тогаш не е вистинско каење кое води до промена.

Дали личноста е искрена?

Дали личноста покажува дека е свесна за својата одговорност или спинува или ја негира одговорноста? Дали оваа личност често лаже, особено за „ситници“? Не е паметно да им се дава шанса на луѓето кои се склони кон лаги.

Дали сте свесни и искрени (во себе) која е таа личност?

Забележете како таа личност се однесува кон другите, не само кон вас. Дали сака да озборува или да зборува зад грб? Исто така, треба да го знаете минатото на таа личност, особено во однос на другите, и да го земете тоа во предвид.

– Не можете само да го прифатите зборот на другите дека ќе се променат. Без докази не можете да верувате, бидејќи без докази за промена не можете ни да донесете одлука дали сакате некому да му дадете втора шанса – нагласува психотерапевтот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma