МЕТ ДЕЈМОН ВЕЛИ БЕН АФЛЕК ГО „РЕЖИРА“ ОД ГИМНАЗИЈА!

popara24 март, 20231min00
Screenshot_8

Актерите Бен Афлек (50) и Мет Дејмон (52) открија дека делеле банкарска сметка во доцните 80-ти години кога биле тинејџери.

 

 

 

 

И двајцата ја наполниле сметката со пари од улоги и ја користеле за аудиции и играње игри. Во тоа време тие биле цимери и на секој начин си помагаа да успеат во актерската кариера.

 

– Сакавме да бидеме тука еден за друг. Беше како: „Нема да бидеш сам. Нема да бидам сам. Ајде да го направиме ова заедно – откри Афлек за време на гостувањето во подкастот на Бил Симонс. Мет сепак додаде дека е невообичаено да се делат парите.

 

Се додека еден од нив има пари, знаеле дека нема да им ја прекинат струјата.

 

– По една улога во Џеронимо имав околу 35 илјади во банка. Му реков: „Сега може да траеме една година“, изјави Мет.

 

Актерите додадоа дека имаат правила за земање пари од сметката. Десет долари дневно ги користеле за играње игри, а останатите пари за аудиции.

 

– На крајот се договоривме да си дозволивме да си купиме и пиво, но тоа никогаш не ни успеа – се сети Дејмон на сиромашните денови.

 

30 години подоцна, банката каде што имале заедничка сметка е затворена, но Дејмон и Афлек сè уште работат заедно. Неодамна соработуваа на филмот Air во режија на Бен Афлек.

 

– Сакам да работам со ова момче. Сакам да се дружам со него – заклучил Афлек.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma