Со оглед на тоа што живееме во свет во кој храната се повеќе се третира со разни хемикалии и пестициди, треба да го зачуваме она малку природа што ни остана.
Затоа британскиот натуралист Дејвид Атенборо советува дека секој двор треба да има лажица шеќер за да можат пчелите да се хранат и да добијат енергија да се вратат во својата кошница. Имено, пчелите често знаат да се уморат, па немаат сила да се вратат во кошницата поради патот што го поминале.
Кога пчелите од нашиот еколошки систем би исчезнале, човештвото би имало сериозен проблем, но, за жал, тоа го правиме секојдневно со употребата на пестициди, а за изумирањето на пчелите се виновни и урбанизацијата и климатските промени, што драстично го намалува бројот на пчели.
„Доколку пчелите исчезнат од планетата, на луѓето би им останале само четири години живот“, рекол еднаш Атенборо, пишува „Mirror“.
Затоа, ако не сакате тоа да се случи и ако ги видите овие зујалки во вашата градина, измешајте лажица шеќер со лажица вода и оставете ги на видно место. Мешавината од шеќер и вода ќе ги рехидрира и ќе им ја даде потребната енергија за да продолжат со нивната работа која за сите е од животно значење.