Познатиот актер Кијану Ривс гостуваше во „The Tonight Show“ со Џими Фалон каде учествуваше во квиз и освои куче за секој точен одговор.
Еден од омилените холивудски актери во шоуто зборуваше за својот најнов филм „Џон Вик 4“, речиси десет години откако ја играше главната улога во првиот дел од франшизата.
По дискусијата за филмот следеше забавен дел од емисијата, квиз во кој актерот одговараше на прашањата на водителот за различни животни, а за секој точен одговор добиваше куче во рацете како награда.
Актерот добро одговараше, а во еден момент седеше во фотелја со еден куп преслатки кученца во скутот.
– Кој е кралот на кученцата? Јас сум кралот на кученцата – се пофали Ривс на крајот од квизот покриен со кученца.
Инаку, Кијану Ривс е познат како најголемиот добротвор на Холивуд, со оглед на тоа што голем дел од својата заработка ја донира во хуманитарни цели.
Актерот често се дружи со бездомниците и е многу љубезен и трпелив кога се среќава со своите многубројни обожаватели.