Веројатно сте се соочиле со дилемата дали некому да му дадете втора шанса во одреден момент од животот.
Психотерапевтот Марко Јовашевиќ истакнува дека би можело да ви помогне во таа одлука доколку одговорите на следниве прашања:
Дали таа личност се кае?
Каењето е природен начин на извинување или подготвеност за промена, но често крие автоматизам, каде што човекот „покажува каење“, но ништо не научил од тоа, па ги повторува истите работи одново и одново.
Треба да имате јасни докази дека личноста научила од своите грешки. Ако личноста ве обвинува или ја префрла одговорноста, тогаш не е вистинското каење кое води до промена.
Дали личноста е искрена?
Дали овој човек покажува дека е свесен за својата одговорност или негира одговорност? Дали оваа личност често лаже, особено за „ситници“? Не е паметно да им се дава шанса на луѓето кои се склони кон лаги.
Дали сте свесни и искрени (во себе) за каква е таа личност?
Забележете како таа личност се однесува кон другите, не само кон вас. Дали оваа личност сака да озборува или да зборува зад грб? Исто така, треба да го знаете минатото на таа личност, особено во однос на другите, и да го земете во предвид.
– Не можете само да го прифатите зборот на другите дека ќе се променат. Без докази не можете да верувате, бидејќи без докази за промена не можете ни да донесете одлука дали сакате некому да му дадете втора шанса – истакнува психотерапевтот.