Грашок и панчета: Брз ручек со тестенини или основа за други јадења кои ќе ги обожавате

popara25 март, 20231min00
62507318-grasak-i-panceta

Грашок и панчета динстани во кромид е едноставно и многу вкусно јадење со потекло од северна Италија, кое најчесто се служи како прилог со бело месо или риба.

Но, оваа вкусна комбинација може да биде и многу добра основа за различни јадења, а во овој рецепт ви ја претставуваме како прелив за тестенини. Рецептот има само два чекори – вклучувајќи го и готвењето на тестенините, па можеби тоа ќе ве убеди да го пробате.

За да подготвите грашок и панчета, можете да користите свеж, замрзнат или конзервиран грашок. Секако, ако е во сезона, секогаш давајте предност на свежиот зеленчук. Ако сакате малку да го промените рецептот, обидете се да ја замените панчетата со филе од чаден лосос – јадењето ќе добие дополнителна свежина и убав контраст помеѓу чадено и слатко.

Можете исто така да додадете 250 грама рикота сирење на количината на состојки од овој рецепт и да наполните кора за пита или пакувања од лиснато тесто со добиената смеса. Премачкајте ги со изматено јајце и печете ги во загреана рерна околу 20 минути на 175 степени.

Или можете да изматете јајца во него, да зачините со малку пармезан и свеж босилек – и да добиете шарена фритата со богат пролетен вкус.

Состојки:

350 гр грашок
120 гр панчета исечкана на коцки
1 кромид, исечен
маслиново масло
сол
бибер
магдонос, сецкан
бујон од зеленчук

Подготовка:

Во тава со малку масло пропржете го кромидот; кога ќе овене додадете панчета исечкана на коцки. Додадете го измиениот грашок и неколку лажици бујон. Гответе околу 20 минути, повремено мешајќи. Кога грашокот ќе омекне, исклучете го огнот и додадете сол и бибер по вкус. Посипете со свеж магдонос.

Сварете ги тестенините според упатството. Се цеди и се додава во тавата со грашок и панчета и се меша.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma