Кети Пери предизвика бурни реакции во јавноста по коментарите за натпреварувачката во телевизиското шоу „Американски идол“ Сара Бет Либе. Имено, Либе за време на аудицијата им открила на судиите, меѓу кои и на Пери, дека има 25 години и е мајка на три деца, оставајќи ги во шок. Кети со неверување стана од столот, а Сара Бет се пошегува дека ќе се онесвести доколку пејачката легне на масата од шок.
„Душо, ти премногу си лежела на маса“, се пошегува Пери, а од судиската комисија избувна смеа. Меѓутоа, нејзината забелешка не им се допадна на гледачите и ја обвинија за „срамење заради мајчинството“, а за целата ситуација на TikTok проговори и самата Сара Бет.
„Додека бев на шоуто, имаше една шега која привлече големо внимание, а многу луѓе ме прашаа како се чувствувам. Мислев дека ова е веројатно најлесниот начин да се справам со тоа. Беше непријатно да го доживеете тоа на телевизија, беше болно“, истакна таа, додавајќи дека не го поддржува срамењето бидејќи „да се биде жена и мајка е доволно тешко само по себе“.
@sarabethliebe Well. I didnt think id be making this video, but i just wanted to say a couple things since im being flooded with articles and comments/messages about this.
“Продолжете да ги сакате своите деца. Никој не треба да се чувствува лошо поради тоа. Мислам дека ако сте добра мајка и ги сакате своите деца, тоа е единственото нешто што е навистина важно. Другите коментари се едноставно непотребни”, заклучила таа, а Пери допрва треба да изјави нешто за спорната шега.