Се што треба да направите е да изберете интересен дезен на марама и внимателно да го вплетете во плетенката.
Со пролетта најчесто ни доаѓаат разни креативни идеи, а овој пат наидовме на една поврзана со фризурата.
Добро е познато дека косата не мора едноставно да се пушти или да се врзе во репче, туку од неа можете да направите најразлични „уметнички дела“.
Сепак, за повеќето девојки времето е исто така од суштинско значење, па затоа сакаме кога брзината на правење и убавината на изгледот се спојуваат.
Токму таков е случајот и со оваа плетенка која само со еден додаток го разубавува целиот изглед, а тоа е марама.
Изберете го вашиот омилен дезен и сплетете ја според упатствата на видеото. Нема сомнеж дека веднаш ќе добиете доза на романтика.