Дали мислите дека се задоволни или сепак им недостига уште малку акција? Еве колку често жените навистина сакаат секс

popara25 март, 20231min00
676 (2)

Сигурно милион пати сте слушнале дека иницијатори на секс се претежно мажите.

Сепак, оваа теорија сега падна во вода.

Една нова студија покажа дека дури 75 отсто од жените сакаат секс најмалку три пати неделно.

Анкетирани биле над 5.000 жени, од кои 46,8 отсто биле задоволни од својот сексуален живот.

Од друга страна, 53,2 отсто од нив би сакале почесто да имаат сексуални односи.

Кога станува збор за оргазмот, околу 38,6 отсто од жените кулминираат барем еднаш во секој сексуален чин, 23,8 отсто од нив често, 16,2 отсто повремено и 10,2 отсто имаат редовни повеќекратни оргазми. Само 8,4 отсто од жените ретко доживуваат оргазам за време на секс со партнерот, а само 2,8 отсто никогаш.

Студијата потврдила и дека најважна работа за жените за добар секс е емотивната поврзаност, односно постоењето на меѓусебни чувства. Така мислат 53,2 отсто од жените, додека 23,6 отсто од нив ја гледаат предиграта како клуч за се.

Како останати фактори се наведуваат комуникацијата (10,4 проценти), редовната сексуална активност (7 проценти), воведувањето новини и различност (4 проценти).

Се покажало и кои негативни фактори имаат најголемо влијание врз сексуалниот живот на жените:

– Стрес (39,2 проценти)

– Лоши односи со партнерот (28,2 проценти)

– Несигурност поради физичкиот изглед (20 проценти) i

– Грижа за мали деца (11,8 проценти).

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma