Томи Хилфигер денеска ќе го прослави својот 72 роденден. Еден од најпопуларните американски дизајнери е роден на 24 март 1951 година во Елмира, град во државата Њујорк. Тој го поминал летото 1969 година работејќи во продавница за облека на Кејп Код и набргу потоа решил да ги искористи сите свои заштеди за да отвори своја продавница наречена People’s Place.
Неговиот сон да основа сопствен бренд и да дизајнира колекција за мажи се остварил во средината на 80-тите години на минатиот век, кога ја основа корпорацијата Томи Хилфигер со финансиска поддршка на бизнисменот Мохан Мурјани. Во 2021 година, Британскиот моден совет му додели престижна награда за извонредни достигнувања во светот на модата.
„Навистина ми е чест да го добијам ова признание. Многу ми значи да се приклучам на долгата листа на неверојатни модни икони кои исто така ја добиле и да бидам препознаен од една толку важна организација во индустријата. Извонредно достигнување за мене значи користење на модата за позитивни промени. Ова е мојата мисија од самиот почеток и сакам да бидам запаметен како некој кој се грижел за другите и се трудел да го подобри светот.“
„Модата е врвното средство за креативно самоизразување и начин да му покажете на светот кои сте навистина. Модата нема врска со тренд или парче облека, туку со идентитет. Сакам сите да се чувствуваат сигурни во тоа што го носат и затоа сакам дизајни кои ќе им помогнат на луѓето да ја изразат својата индивидуалност на автентичен начин, изјави Хилфигер за Vogue.
Во истото интервју тој откри и кои модни парчиња секоја жена треба да ги има во својот гардеробер.
„Верувам во удобни, софистицирани и разновидни класици што можете да ги носите од утро до вечер, од канцеларија до ресторан. По повеќе од 40 години во модната индустрија, сфатив дека класичниот стил на облека има траен квалитет кој новите трендови никогаш не можат да го надминат“, објасни дизајнерот и наброја пет парчиња кои мора да ги има во гардеробата на секоја жена.
1. Класична бела кошула
2. Добро скроени фармерки
3. Блејзер
4. Класичен капут
5. Моден додаток како часовник или парче накит