Експерт за чистење, односно жена која на социјалните мрежи е позната и како Кралица на чистотата, на Инстаграм откри како се користи обичен сапун за чистење на домот и покуќнината. Покрај тоа што мириса убаво, тој е многу практичен и ефикасен помошник во домаќинството. Ова се само дел од многуте проблеми кои тврдиот сапун ги решава додека трепнете, пишува Експрес.
Тaa вели дека сапунот за чистење може да се изренда и да се стави во мали мрежести кеси, а потоа овие кеси да ги ставите во куфери, фиоки, спални соби или да ги закачите во плакари. На тој начин местото каде што ќе го ставите секогаш убаво ќе мириса. Можете да го ставите и во патики за да мирисаат посвежо, но не заборавајте да го измиете сапунот пред повторно да ги носите.
Ренданите парчиња сапун може да се користат за да се направи течен сапун што можете да го користите доколку ви снема детергент за перење. Во шише со околу 150 милилитри топла вода ставете околу дваесет грама сапун и добро протресете. Откако ќе отстои околу еден час, можете да го користите за перење.
Сапун може да се користи и за одлепување на патенти. Сè што треба да направите е да поминете со сапун директно преку патентот на панталоните за да го отворите за неколку секунди. Покрај тоа, можете да користите сапун за замаглени огледала. Втријте го преку суво огледало, а потоа избришете го со крпа од микрофибер.
Нејзината објава собра неколку илјади прегледи, а многу корисници и се заблагодарија за советите. „Интересни трикови, ќе пробам“, напишал еден корисник. Друг додаде: „Баба ми ми ги откри истите овие совети и навистина функционираат!“