ДОМАШНА МАСКА ЗА ЛИЦЕ: Ќе ви требаат само две состојки кои ги имате дома, а ефектот ќе ве изненади

popara26 март, 20231min00
33e1568cf936bcfba6c2e9ccd8fbb2e38156b382

Пробајте ја оваа природна маска за лице

Познато е дека меѓу состојките кои ги имаме во кујната има многу кои се користат во служба на убавината, а меѓу нив се и јајцата. Протеините во јајцата се одговорни за стеснување на порите, но и за регенерација на кожата. Тие исто така го поддржуваат обновувањето на клетките на кожата, што ги намалува брчките на долг рок.

Јајцата можат да бидат ефикасни и против мозолчиња на лицето, бидејќи содржат и ензим наречен лизозим кој ги таргетира бактериите кои предизвикуваат акни.

Покрај тоа, тие се богати со калиум и магнезиум кои ја негуваат и хидрираат кожата, што го забавува стареењето и го прави тенот сјаен. Уште една предност на оваа намирница е тоа што содржи и рибофлавин, кој е одговорен за исфрлање на токсините и слободните радикали кои ги оштетуваат клетките на кожата.

Колагенот и витаминот А, кои се наоѓаат во јајцата, докажуваат дека јајцата се богати со хранливи материи.

Домашна маска за лице од белка од јајце и лимон

Изматете ги само белките од едно јајце, додека не добиете пена. Потоа додадете го сокот од половина лимон и измешајте. Нанесете ја маската на лицето и оставете ја 30 минути. После тоа, измијте ја маската со топла вода, а на крај нанесете хидратантна крема или крема против брчки.

Оваа маска делува како природен „лифтинг на лицето“ бидејќи ја затегнува кожата и малку ја подигнува. Во исто време, овие две состојки во комбинација имаат посилно дејство против вишокот на себум, а со тоа длабински ја чистат кожата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma