ПОДГОТВЕНА НА СЕ ЗА УБАВИНА! Актерката користела неистражена озонотерапија „таму долу“!

popara27 март, 20231min00
443642_gvin1_f

Медицинската озонска терапија за естетски цели не е доволно истражена и може да има скриени нус појави и несакани ефекти.

Странските медиуми го наведуваат примерот на актерката Гвинет Палтроу, која неодамна изјави дека користела озонотерапија, а озонот може да се внесе во организмот на неколку начини, како што се нанесување преку кожата, инјектирање во крвта или мускулите, пиење во форма на капсула или таблета, но и ректално, како што направила Палтроу.

Од една страна, се наведува дека терапијата нуди повеќекратни здравствени придобивки, како што се намалување на оксидацијата на клетките што доведува до стареење, зајакнување на имунолошкиот систем и заштита на организмот од бактерии и габи.

Од друга страна, наодите дека научните докази кои ја поддржуваат оваа практика се „во најдобар случај контроверзни“, според лекарот Стјуарт Фишер.

– Може да има некои непознати несакани ефекти. Подобро е да се земаат додатоци во исхраната, како што се антиоксиданси. Релативно е добро истражено и знаеме дека функционира. Озонската терапија е во најдобар случај контроверзна – вели тој, а пренесува „Танјуг“.

„Најчудната велнес работа“

Озонот е гасна молекула која се состои од три атоми на кислород, а во 2019 г. управата за храна и лекови издаде предупредување против озонската терапија и нејзината употреба, наведувајќи дека озонот е отровен гас без позната корисна медицинска употреба во специфична, дополнителна или превентивна терапија.

Озонската терапија се најде во центарот на вниманието откако Гвинет Палтроу, гостинка во подкаст за велнес и здравје, рече дека „најчудната велнес работа што некогаш ја направила“ е ректалната озонска терапија.

– Беше прилично чудно, но доста корисно и од голема помош – рече тогаш таа и додаде дека тоа што го направила не е совет за никој друг. Внесувањето на озон во телото преку ректален пат трае до десет минути, а дозволени се повеќе третмани во текот на неделата.