ХЕЈЛИ БИБЕР ЗА ПРВ ПАТ ЈАВНО Ѝ СЕ ОБРАТИ НА СЕЛЕНА ГОМЕЗ! По смртните закани, таа посочи само едно нешто

popara27 март, 20231min00
Screenshot_5

Селена Гомез денеска се обратила на социјалната мрежа Инстаграм и конечно ја прекинала тишината за конфликтот со сопругата на нејзиното поранешно момче Џастин Бибер.

 

 

Односот на Хејли Бибер и пејачката Селена Гомез може да се карактеризира како топло-ладен.

 

Тие две се главна тема на светските медиуми откако поранешното момче на Селена Гомез – Џастин Бибер со кој беше седум години во врска, ја започна љубовната романса со Хејли Бибер со која во меѓувреме се венчаше.

 

Нивната „војна“ трае со години, а кон крајот на минатата година тие се обиделе да стават точка на гласините кога се појавиле заедно на некој настан.

 

Потоа испливаа нови детали и низок потег на Хејли. Еден од нив е дека таа и нејзината другарка Кајли Џенер се потсмеваа на веѓите на Селена на социјалните мрежи.

 

Овој неславен потег реалити ѕвездата ја чинеше следбеници и титула најследената ѕвезда на Инстаграм, а освен што грдото однесување ја тргна од тронот, таа оваа титула ја предаде во рацете на Селена Гомез.

 

Странските медиуми често пишуваа дека Хејли Бибер е љубоморна на поранешната девојка на својот сопруг, како и дека ѝ пречи тоа што фановите постојано ја поврзуваат со неа.

 

Меѓутоа, додека Хејли ниже гафови, пејачката со секој свој потег добива уште поголем и симпатии од јавноста.

 

Така било и денеска кога на Инстаграм ја покажала својата човечка страна.

 

Имено, пејачката на Инстаграм стори споделила дека Хејли ја исконтактирала и ѝ кажала дека добива закани по смрт и дека се соочува со омраза и негативни работи.

 

„Ова не е она за што се залагам. Никој не треба да доживува омраза или злоставување. Отсекогаш сум била адвокат за добрина и навистина сакам сето ова да помине“, напишала пејачката чиј хит го носи името „Убијте ги со добрина“.