Конечно прооде славниот глумец по сериозната повреда: Напорно работи на закрепнувањето

popara28 март, 20231min00
o_27632445_1280

Актерот Џереми Ренер се пофали дека е повторно на нозе. Ѕвездата на популарните „Одмаздници“ со своите следбеници сподели нова фаза во долгото и напорно закрепнување. На своите социјални мрежи сподели кратко видео на кое вежба на лента за трчање. Најсовремената машина за вежбање има посебна комора која го закачува актерот околу колковите, а тој оди со умерена брзина на лентата за трчање.

„Сега морам да најдам други работи за да го пополнам времето за моето тело да се опорави од мојата волја“, напиша Ренер на крајот од клипот од 15 секунди. На видеото може да се слушне како разговара со друг маж, кому му објаснува дека таквата направа делува како да има бастун во раката и дека високотехнолошката лента му овозможува да оди, но дека неговите нозе издржуваат само 40 проценти од неговата телесна тежина.

Речиси четири месеци по несреќата во која беа скршени повеќе од 30 коски, тој се уште се опоравува. Актерот претрпе неколку операции и дури сега застана на нозе. Несреќата се случила на Нова година, на неговиот имот во Рено. Во раните утрински часови на 1 јануари актерот седнал на својот плуг за да го ослободи автомобилот на својот братучед од снегот, а откако излегол од плугот, тој го прегазил.