
Селена Гомез и Зејн Малик биле видени во ресторан како вечераат, а потоа се шетаат држејќи се за раце, па дури и се бакнуваат. Неговата поранешна сопруга Џиџи Хадид се огласи по обвинувањата и призна дека нема проблем со тоа, се додека тој е добар татко на нивната ќерка.
Странските медиуми не престануваат да брмчат за наводната врска на пејачката Селена Гомез и пејачот Зејн Малик.
Гласините најпрво започнаа кога на TikTok се појави видео на кое се гледа како споменатата двојка вечера во ресторан во Њујорк.

Извор вели дека Селена и Зејн излегле во Сохо, Њујорк. Оделе држејќи се за раце и се бакнувале. Повеќето вработени во ресторанот и посетителите на ресторанот не ги забележале. Изгледало како да им е удобно заедно и било јасно дека тоа е романтичен состанок, пренесува „Entertainment Tonight“.
По овие шпекулации се огласи и неговата поранешна сопруга, манекенката Џиџи Хадид, која истакна дека нема ништо против тоа и дека тоа е вистина.

– Џиџи нема никакви проблеми со новата девојка – изјавил изворот за Us Weekly и додал:
„Се додека тој е среќен и стабилен и продолжува да биде добар родител на Каи, таа нема проблем со кој и да излегува“, додава изворот.
Да потсетиме дека Зејн и Џиџи беа заедно шест години и имаат ќерка на која парот и го дадоа името Каи. Тие раскинаа во октомври 2021 година.