
Во сад ставете една лажица ленено семе и прелијте ја со третина шолја зовриена вода, протресете неколку минути и потоа покријте ја со салфетка и оставете ја да отстои до вечер. Вечерта процедете ја смесата. Користете ја желатинозната водена маса во која стоеле семките од лен.
Нанесете го овој раствор од ленено семе на исчистено лице и врат. Не треба да се грижите за избегнување на пределот околу очите, слободно нанесете го растворот и таму. Кога маската ќе се исуши на лицето, повторно нанесете. Повторете ја оваа постапка пет пати.
Ефекти на маската од ленено семе:
Ги крева цртите на лицето, ја тонира и затегнува кожата
Ги намалува широките пори
Ја хидрира кожата
Служи и како пилинг на кожата
Го намалува вишокот на себум на мрсната кожа
Помага да се спречи формирањето на акни и да се отстранат мозолчињата од лицето
Го успорува создавањето на брчки и го елиминира создавањето на фини линии на лицето бидејќи има својства кои интензивно го забавуваат стареењето