Сите негативно ја коментираа оваа објава, а имаше и коментари во кои твитерџиите тврдат дека Лана конечно е среќна
Пејачката Лана дел Реј пред извесно време „накачи“ некој килограм, а фотографиите „пред и потоа“ ги преплавија социјалните мрежи.
И додека едни тврдат дека Лана е „кралица“ и дека е секогаш убава, други го оспоруваат нејзиниот сегашен изглед и оставаат грозни коментари.
Твитот сега е избришан откако собра стотици илјади прегледи, но реакцијата и дискусијата за објавата продолжуваат.
Сите негативно ја коментираа оваа објава, а подоцна имаше коментари во кои твитерџиите тврдат дека Лана конечно е среќна.
„Тежината се менува. И што е најважно, сите тела од сите форми и големини се секси, убави и достојни.“ Друг додаде: „Лана дел Реј се здебелила. Да, таа е конечно среќна“.
„Да се биде жена во очите на јавноста е болно бидејќи како што старееш, стануваш помалку посакувана за мажите и луѓето ќе те распнуваат на клада без разлика што правиш за да го спречиш тоа“, напиша некој.