БЕЛ ПРАВ, А ПРАВИ ТАКВА БОЈА! Дали сте виделе КАКО изгледаат јајцата кога се бојадисуваат со ЛИМОНТУС? Ништо полесно

popara30 март, 20231min00
928a98f5d3dc758c29f05a36c1bbc5ae8205b100

КАКО да добиете необични јајца на вашата велигденска трпеза со едноставни и достапни состојки.

Бојадисувањето јајца со природни методи отсекогаш ги интересирало домаќинките низ Македонија. Ако веќе сте пробале да обоите јајца со сода бикарбона, сега е време за лимонтус.

Многумина веќе почнуваат да размислуваат за идеи за украсување јајца, за навреме да ги набават сите потребни состојки и да ги избегнат празничните гужви.

Покрај бројните добро познати техники на фарбање, интернетот моментално е луд по бојадисувањето јајца во лимонтус. Со оваа техника ќе добиете песочен ефект.

Сè што треба е да истурите една полна лажица лимонтус во вода на собна температура. Добро измешајте ја смесата и додадете ги јајцата. Не ставајте премногу јајца во тенџерето за ефектот да биде поубав. Варете ги на средна температура, а кога водата ќе зоврие, варете уште 10 минути.

Потоа ставајте ги јајцата во садовите со боја и по 2/3 минути ќе добијат песоклив изглед поради лимонската киселина, а шарата ќе ве воодушеви. Доколку ја примените оваа техника, нема да имате потреба дополнително да ги декорирате јајцата бидејќи ќе бидат навистина уникатно украсени. Доколку сакате дополнителен сјај, можете да ги премачкате со масло, вели „Stvar Ukusa“.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma