
Џенифер Анистон предизвика возбуда кога се појави во мини сребрен фустан на премиерата на филмот во Лос Анџелес
Пред појавувањето, актерката откри малку од атмосферата од подготовките од нејзиниот дом. Таа веќе ги остави без здив нејзините следбеници, појавувајќи се во блескав краток фустан, кој го откри нејзиното совршено затегнато тело. Со право може да се каже дека Џенифер Анистон не старее, и дека на 53 години го одзема здивот.
Џенифер во видеото покажа што ќе облече за таа пригода, а се одлучила за фустан од проѕирна ткаенина, покриен со сребрени, сиви и црни ленти од монистра. Ова секси парче го спои со црни сандали на високи потпетици, кои ги истакнаа нејзините витки нозе. За накит одбра сребрени обетки и прстен, а косата ја стилизираше на својот препознатлив начин.







Шминката со природен изглед одлично се совпадна со овој стил, таа носеше розево руменило и сјај на усните, додека за очите се одлучи за сива сенка.