Психолозите советуваат: Како во шест чекори да преболите раскинување?

popara1 април, 20231min00
Razvod-2048x1633

Раскинувањето никогаш не е лесно или едноставно, а на некои луѓе им треба нешто повеќе од промена на фризурата и лудо ноќно излегување за да заборават на партнерот.

Психологот Лилјана Малданер ви дава совети како да го преболите партнерот во шест чекори:

1. Мора многу да зборувате за тоа. Понекогаш вашите пријатели нема да можат да ве слушаат, па затоа би било добра идеја да се консултирате со терапевт.

2. Признавање на новата фаза од животот, односно префрлање на фокусот од негативен на позитивен.

3. Елиминирање на предизвикувачи. Препорака е на почетокот на раскинувањето да го одделите вашиот животен простор од сите оние работи кои можат да ве потсетат на поранешниот партнер. Да ги ставите во кутија и да ја затворите.

4. Мора да разберете дека некои работи што ве врзале со партнерот не мора да бидат доживотни предизвикувачи. Променете го нивното едноставно значење.

5. Во чекор број 5, важно е да разбереме дека сè ни е дозволено сега. Одење на изложби што не сте стигнале да ги видите, да легнете во кревет доцна или да се будите порано, сега сè е дозволено и можете да изберете да останете сами или да се прилагодите на друга личност.

6. Не заборавајте колку работите се менуваат за вас за една година, па не очајувајте ако треба време да продолжите понатаму, доаѓаат подобри работи.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma