Мет Дејмон: „Никогаш нема да се смирам со Џими Кимел. Тој е ужасно човечко суштество“

popara1 април, 20231min00
o_28531273_1280

„Кавгата“ на холивудскиот актер Мет Дејмон и водителот Џими Кимел може да стане епски настан во забавната индустрија и еден ден да стане шаблон за филм. Поминаа осумнаесет години, а кога Дејмон неодамна го прашаа кога ќе се смират, тој рече: „Никогаш. Тој е ужасно човечко суштество“.

Сè започна во 2005 година со потсмевањето на комичарот во третата сезона на шоуто „Џими Кимел во живо!“. Водителот, прекорувајќи го Дејмон што не нашол време да гостува во неговата емисија, се преправал дека сепак дошол. Пред завршната шпица, тој рекол: „Сакам да му се извинам на Мет Дејмон, ни истекува времето“. Шегата дека наводно ќе го испратат од шоуто кое ќе заврши, стана стандарден дел од зафрканциите на „Џими Кимел во живо!“

Една година подоцна, актерот конечно се појави во шоуто на Кимел и се беше во ред речиси до крајот на шоуто. Тогаш водителот ја кажа „таа реченица“, со која учтиво бара Дејмон да си замине, но актерот го прекина со лут извик: „Еве го пак! Навистина мислиш дека си смешен?“, пренесува Variety.

Одмаздата на Мет Дејмон беше одлична. Тој се здружи со тогашната девојка на водителот, комичарката Сара Силверман. Тие го смислија злобното, смешно видео „I’m Fucking Matt Damon“, во кое Сара пееше за местата каде наводно имала секс со актерот.

Нејзиното момче возврати со свое смешно видео во кое го исмева Бен Афлек, знаејќи дека на Дејмон можеш се да му направиш, но не го допирај неговиот најдобар пријател. Оттогаш до денес си играат мајтап еден со друг. Кога Кимел е домаќин на Оскарите, тој секогаш го „боцка“ својот најмил непријател.

image

На неодамнешната премиера на филмот „Air“ за создавањето на Nike патики инспирирани од Мајкл Џордан, во режија на Бен Афлек и со неговиот најдобар пријател Мет Дејмон, печатот се надеваше дека „најдобрите непријатели на Холивуд“ ќе се помират бидејќи меѓу гостите беше и Џими Кимел. Моментот кога ќе се ракуваат на црвениот тепих со нетрпение се чекаше, меѓутоа, Кимел му се нафрли на Дејмон: „Би сакал да се сликам со тебе, но ми истече времето!“, мислејќи на неговата стара шега.

Кавгата конечно требаше да заврши со неодамнешното онлајн појавување на Дејмон во шоуто на Кимел, кога водителот беше домаќин на Бен Афлек. Поводот бил филмот „Air“, па актерот не можел да го игнорира повикот на комичарот, пишува The Hollywood Reporter. Работата некако функционираше додека водителот повторно не го исмеа. Мет Дејмон возвратил: “Знаев дека ќе направиш нешто глупаво. Ти си такво детиште!”

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma