Колку долго ги вариме различните видови храна и зошто е тоа клучно за тежината

popara2 април, 20231min00
*EXCLUSIVE* Pia Miller and Patrick Whitesell head out for lunch in Bondi

Ефектот на варењето врз слабеењето е многу важна ставка која често се заборава.

Важно е да видите како се вари одредена храна ако сакате да изгубите тежина или да ја одржите тежината што ја имате. Иако точното време на варење зависи од метаболизмот, возраста, па дури и од полот, постојат намирници кои ќе поминат низ вас, додека други ќе останат во вашето тело долго време.

Ако на списокот имате многу намирници кои брзо се варат, ќе забележите дека јадете многу повеќе отколку што треба бидејќи многу брзо после јадење повторно чувствувате глад. Овој вид на храна ви дава брз излив на енергија, т.е. гликоза. Иако звучи добро, ако вашето тело е полно со гликоза и не ја користи, остатокот се претвора во маснотии.

Побавно го подига нивото на шеќер и ви дава избалансирана енергија. Меѓутоа, доколку јадете само таква храна, вашиот дигестивен систем постојано ќе работи максимално, што е доста тешко за организмот.

Експертите советуваат да не се мешаат брзо сварливите и бавно сварливите намирници во еден оброк и да се избегнува конзумирање на храна која брзо се вари после храната која бавно се вари.

Најдобар тајминг за мешање на овие две групи на храна е ручекот, кога вашиот дигестивен систем е најактивен. Оброците за појадок и вечера треба да бидат поедноставни, со храна која брзо се вари. На тој начин веднаш по појадокот ќе добиете сила, а навечер стомакот ќе се одмори.

Еве колку брзо се варат некои од најчестите намирници:

Водата веднаш се вари.
Овошен сок или сок од зеленчук: 15-20 минути
Суров зеленчук: 30-40 минути
Варен зеленчук: 40 минути
Риба: 45-60 минути
Салата со масло: 60 минути
Компири: 1,5-2 часа
Житарици: 2 часа
Млечни производи: 2 часа
Јаткасти плодови: 3 часа
Пилешко: 1,5-2 часа
Говедско месо: 3 часа
Јагнешко месо: 4 часа
Свинско месо: 5 часа

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma