Состојки:
500 гр брашно
4 белки
250 гр стопен путер
120 гр млеко во прав
20 гр свеж квасец
1 лажичка кафеав шеќер
½ лажичка сол
1 ванилин шеќер
600 мл млака вода
Подготовка:
Во поголем сад сипете го брашното, направете вдлабнатина и таму ставете ги квасецот, млаката вода, шеќерот, млекото во прав, ванилиниот шеќер. Изматете го тестото и оставете го да отстои половина час. Растопете го путерот и кога малку ќе се олади додадете го во тестото и измешајте. Изматете ја белката додека не се стегне и додадете ја во тестото. Промешајте за смесата да биде униформа. Печете ги вафлите во подмачкана машина.
Совет: Ако вашите вафли се лепат за уредот, малку зголемете ја количината на путер во рецептот.