Манекенката и позната реалити ѕвезда Кендал Џенер наводно е во врска со познатиот рапер Bad Bunny, пишуваат странските медиуми.
Имено, тие биле видени како наводно се бакнуваат за време на состанок во Лос Анџелес, а гласините за нивната врска кружат од минатиот месец.
Изворот истакнува дека биле многу блиски за време на вечерата во ресторанот „Sushi fumi“ во средата, пренесува „Us Weekly“.
Парот бил виден во автомобил во неделата, а со облеката се обиделе да го сокријат лицето од папараците.