Ако сакате да ги ожените, размислете добро: Според хороскопот, ова се НАЈЛОШИТЕ ЖЕНИ во зодијакот!

popara2 април, 20231min00
svadja74106820

Ако вашата избраничка е родена во еден од овие 4 хороскопски знаци – „тешко вас“. Астролозите ги идентификуваа најлошите знаци за жени во брак.

 

 

 

Дознајте кои жени според хороскопот се вистински кошмар за брак! Некои сакаат отворено да шефуваат, а други се „мед и млеко“ додека не ги изнервирате. Можат многу да пружат, но цената е доста висока…

 

Дамите родени во овие четири хороскопски знаци се најлоши за брак.

 

Бик

Жените Бикови се често независни, како финансиски, така и во личните односи. Никогаш нема да трчаат по партнерот, молејќи го да ѝ купува подароци, да ја гали, иако тоа е нешто што тој често го посакува – чувството дека е потребен. Ако ги повредите, тие ќе заминат засекогаш и никогаш нема да погледнат назад. Бракот со нив е предизвик во таа смисла, партнерот мора да внимава да биде „коректен и на место“ што не е секогаш лесно. Од друга страна, овие квалитети можат да бидат и плус. Жените родени во знакот на Бик никогаш нема да си играат со чувствата на својот маж. Нивните партнери се жалат дека им недостига топлина и „живост“, знаат да бидат премногу сериозни.

 

Овен

Жените родени во знакот на Овен се навикнати да доминираат, мораат да исполнат сè што ќе зацртаат, а петгодишните планови ги остваруваат за четири години. Во врските секогаш брзаат и се трудат сè да контролираат, а со тоа го „менаџираат“ партнерот. Само оние кои се вистински заљубени во жена Овен, кои имаат трпение, ќе ја знаат нивната вистинска суштина – длабоко во себе, претставниците на овој хороскопски знак се многу чувствителни и нежни. Но, само кога сите „противници“ ќе бидат поразени.

 

Девица

Гледана од страна, Девицата изгледа како идеална жена: куќата е секогаш „цакум-пакум“, таа се грижи за својот сопруг со многу нежност и грижа, а кога е потребно секогаш има мудри совети во ракавот. Меѓутоа, мажи, ако жена под знакот Девица ви паднала во очи, мора да знаете дека ваквата „совршеност“ ќе мора скапо да ја платите. Тоа се жени кои бараат перфекционизам, а доста се раздразливи ако нешто не оди според планот. Тие го доживуваат неуспехот исклучително тешко, а ако влезете во расправија, подгответе се за бурна реакција, па дури и привремено (или трајно) раскинување. Иако не изгледа така, им недостасува самодоверба и се љубоморни, па често го бркаат партнерот од себе и го тераат да побегне без оглед на сè.

 

Скорпија

Заводливи и непредвидливи, жените родени во знакот на Скорпија си ја знаат својата вредност. Во моментот кога ќе се венчаат и ќе се обврзат на некого, чувствуваат дека имаат право да им наметнат свои правила, па дури и да бидат лидери на нивната мала заедница. Меѓутоа, ако ја оставите Скорпијата да „дивее“, ѝ давате неограничена моќ, очекувајте конфликти, па дури и понижување. Сопругите Скорпии не прават компромиси, не затоа што не знаат како да преговараат, туку затоа што сакаат тоа да биде „по нивно“. А тоа може да биде фатално за бракот. Добро е што Скорпиите и покрај суровоста се доста директни и искрени – во спротивно бракот со нив би се претворил во тортура.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma