Фантастичен трик: Еве зошто треба да ставите сол во одводните цевки

popara3 април, 20231min00
Screenshot_4

Солта е незаменлив зачин во секоја кујна и се користи речиси секој ден при подготовка на оброците. Но, солта не е само добра за храна, туку можете да ја користите доколку имате проблеми со одводните цевки во вашиот дом.

 

 

Запушените цевки може да предизвикаат големи компликации, од неможност да се капете до исклучување на водата додека чекате мајстор. Се прашувате како обичната сол може да помогне во овие ситуации? Подолу објаснуваме како.

 

Ако затнувањето е постојан проблем со вашите цевки, можете периодично да го користите овој чекор за да го подобрите протокот на одводните цевки. Делува на одводи во мијалници, туш кабини и кади. Се што треба да направите е да земете половина чаша прашок за пециво, сол, оцет и топла вода.

 

Истурете сол и прашок за пециво во одводот. Потоа додадете го оцетот и оставете ја смесата да „пени“ околу една минута. После тоа, исплакнете со најмалку три литри топла вода. Солта ќе помогне во разградувањето на мастите, а оцетот и топлата вода ќе го олеснат миењето на сè низ цевките.

 

Со цел да се спречи затнувањето на одводните цевки, постојат неколку активности што мора да ги избегнувате:

 

– Не го истурајте искористеното масло во одводот по готвењето. Фрлете го директно во корпата за отпадоци;

– Не фрлајте талог од кафе во одводот;

– Додадете цедалка во кујнскиот мијалник. Ќе ги фати сите парчиња храна и ќе спречи да завршат во одводните цевки.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma