ЕДНОСТАВЕН РЕЦЕПТ! Направете сами домашен путер за тело што ја хидрира кожата!

popara3 април, 20231min00
508840_x37757_f

Доколку размислувате сами да си направите путер за телото дома, знајте дека работата не е толку комплицирана како што изгледа на прв поглед. Напротив…

Путерот за тело има поцврста и помрсна текстура од лосионот и служи за хидратација и омекнување на сувата кожа на телото. Бидејќи не содржи вода како класичните лосиони, не ја суши кожата, туку длабински ја хидрира. Правењето путер за тело е лесно и потребни ви се само неколку состојки.

Се препорачува да го користите во рок од шест до осум месеци и да го чувате во херметички затвореен сад подалеку од сонце.

Како се прави?

За да го направите потребни ви се: половина шолја шеа путер, половина шолја какао путер (или повеќе шеа путер), половина шолја кокосово масло, половина шолја масло по избор (бадемово, маслиново и сл.) по желба 10-30 капки етерично масло, пишува „24 sata“.

Додадете ги сите состојки освен есенцијалното масло (ако го користите) во стаклен сад. Ставете го садот над тенџере со врела вода за да се раствори сè. После тоа, тргнете го садот и оставете ја смесата неколку минути да се излади.

Потоа додадете го етеричното масло и ставете го путерот во фрижидер да се олади еден час. Стврднатата смеса се мати со миксер околу 10 минути додека да омекне и се префрла во чиста тегла на ладно место.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma