Новиот филм на Хоакин Феникс е толку интензивен што актерот се онесвести на снимањето

popara3 април, 20231min00
tan2020-2-22331375231-830x0

„Збунето отидов да видам што се случува и видов дека колабирал“, рекол режисерот.

Хоакин Феникс се онесвестил додека снимал интензивна сцена за неговиот нов филм „Beau is Afraid“.

Во саботата, писателот и режисер Ари Астер открил дека Феникс (48) колабирал на снимањето за време на емотивно интензивна сцена.

„Имаше сцена која беше многу интензивна за Пети (ЛуПон), камерата беше на неа, не на него – и одеднаш (Феникс) испадна од кадарот“, рече Астер.

– Бев навистина лут бидејќи беше добар кадат. Збунет отидов да видам што се случува и видов дека колабирал. Знаев дека е лошо затоа што дозволуваше луѓето да го допираат, а луѓето се грижеа за него и тој го дозволи тоа.

– Поентата е што се онесвести во моментот кога некој друг беше во кадарот, во центарот на вниманието. Фокусот не беше на него, но тој беше толку вложен во неговиот карактер и тука за другите. Има нешто поетично во тоа што се онесвести кога вниманието беше на некој друг.

Во јануари, „А24“ го објави официјалниот трејлер за „Beau Is Afraid“, првиот филм на Астер по „Midsommar“ од 2019 година, кој го следи насловниот лик на Феникс, Бо, во долг период од неговиот живот.

Бо е опишан како параноичен човек кој тргнува на патување „да се врати дома кај мајка си“, која ја игра ЛуПон (73).

Покрај Феникс и ЛуПон, во филмот играат и Нејтан Лејн, Ејми Рајан, Стивен Мекинли Хендерсон, Хејли Скваерс, Денис Меноше, Кајли Роџерс, Ричард Кинд, Армен Нахапетијан, Зои Листер Џонс и Паркер Пози.

„Beau Is Afraid“ пристигнува во кината на 21-ви април.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma