„Наполеон“ од Ридли Скот, со Хоакин Феникс во главната улога, конечно пристигнува пред публиката: Ова се првите слики

popara4 април, 20231min00
joaquin-phoenix-ridley-scott-2-830x0

„Наполеон“, оригинален и личен поглед на потеклото на Бонапарта и неговиот брз, безмилосен подем до император

Хоакин Феникс има полни раце работа. Неговиот нов филм „Beau is Аfraid“ наскоро ќе биде премиерно прикажан, снимањето на „Џокер 2“ започна, а конечно е објавено кога на стриминг платформите ќе се најде историската драма „Наполеон“ во која Феникс го толкува ликот на Бонапарта.

Да се потсетиме, веста дека актерот ќе го глуми францускиот војсководец и владетел беше објавена во 2020 година, за вчера да се дознае дека филмот ќе пристигне на 22-ри ноември 2023 година.

„Наполеон“ е во продукција на „Apple Original Films“ и ќе се емитува исклучиво на „Apple TV+“ откако ќе помине одредено време во кината. Според сценариото на Дејвид Скарп, филмот е опишан како „оригинален и личен поглед на потеклото на Наполеон и неговото брзо, безмилосно издигнување до цар, гледано низ призмата на неговата зависничка и често нестабилна врска со неговата сопруга и една вистинска љубов“.

Со Ванеса Кирби во улога на сопругата на Наполеон, Џозефина, „Наполеон“ ќе го следи императорот низ бројни познати битки. Ридли Скот исто така е продуцент на филмот заедно со Кевин Волш, Марк Хафам и Феникс, а Мајкл Прус и Ејдан Елиот се извршни продуценти.

Феникс треба да ја повтори својата улога на Џокер заедно со Харли Квин која ја толкува Лејди Гага во „Џокер 2“ од 2024 година. Подоцна овој месец, тој ќе се појави и во најновиот хорор филм на Ари Астер, „Beau Is Afraid“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma