Плачењето може да биде добро: Еве зошто не треба да ги задржувате солзите

popara15 ноември, 20241min00
Screenshot_4

Плачењето е исклучително здраво и помага при воспоставување на внатрешна емоционална рамнотежа во кризни ситуации. Како и да е, тоа е дел од нашето секојдневие, кое го прифаќаме такво какво што е. Според некои научни испитувања, почестото плачење е една од поважните причини поради кои жените живеат подолго од мажите, кои поради социјалните предрасуди ја избегнуваат таа навика.

 

 

 

 

Следуваат 7 начини на кои феноменот кој го нарекуваме „плачење“ нè лечи како физиолошки, така психолошки и духовно:

 

  1. Солзите ни помагаат да гледаме. Најосновната функција е да ни овозможи да гледаме. Тие не само што ги навлажнуваат очните капаци, туку и ја спречуваат дехидратацијата на разните очни мембрани. Без тоа навлажнување не би имале вид. За луѓето без плачење, животот би бил драстично поразличен, очите би почнале да болат, а видот би почнало да го снемува.

 

  1. Солзите ги убиваат бактериите. Баш поради солзите нам не ни требаат никакви средства за дезинфекција на очите. Сите бактерии кои секојдневно доаѓаат во контакт со очите при работа на компјутер, возење со автобус, или при вршењето на домашните работи, успешно се отстрануваат со солзите кои имаат таква структура што делуваат антибактериски. Тие во себе содржат лизозим, течност која во рок од 5-10 минути убива 95% од бактериите.

 

  1. Солзите ги отстрануваат токсините. Во најновите научни студии откриено е дека солзите предизвикани со негативни емоции содржат повеќе токсини од оние предизвикани со различни иритации (пр. сечење кромид). Таквите солзи делуваат многу позитивно затоа што од телото ги отстрануваат штетните работи предизвикани со стрес.

 

  1. Плачењето може да го поправи расположението. Плачењето кај луѓето е поврзано со намалување на концентрацијата на хемиските соединенија кои се поврзуваат со нервозата, агресивноста, емоционалната вознемиреност и загриженост. Емоционалните солзи исфрлаат посебни протеини кои инаку служат за пренос на мали токсични молекули.

 

  1. Плачењето го намалува стресот. При сите научни тестирања утврдено е дека кај луѓето што плачат се намалуваат негативните ефекти од стресот. Докажано е и спротивното, воздржувањето од солзи го зголемува нивото на стрес и го поттикнува појавувањето на болести како на пример, висок крвен притисок, срцеви проблеми и појавување на чир во желудникот.

 

  1. Солзите зближуваат. Солзите не само што помагаат за добро здравје, туку и ги зајакнуваат и врските помеѓу луѓето. Со заедничкото плачење луѓето се зближуваат и стануваат потолерантни едни кон други. Солзите помагаат во побрзото воспоставување на комуникација.

 

  1. Солзите ослободуваат чувства. Дури и ако во животот не сме доживеале ништо драматично, секојдневно акумулираме мали незадоволства и конфликти. Тие предизвикуваат хемиски промени во подрачјето на нашето срце и мозок. Плачењето има моќ на прочистување. Тоа од нас ги отстранува нашите мали внатрешни демони пред да се зголемат и да предизвикаат поголеми проблеми.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag