Ги топат мастите: Како дивите боровинки влијаат на телото?

popara5 април, 20231min00
Screenshot_5

Покрај вкусот што сите го сакаат, боровинките имаат и бројни здравствени придобивки – можат да ги подобрат когнитивните функции и можат да бидат корисни за управување со стресот.

 

 

 

Одличен извор и на минерали и на витамини – витамин Ц, кој е неопходен за здрав имунолошки систем, како и витамини Б6 и Е. Тие се и одличен извор на калиум, магнезиум и растителни влакна.

 

Бројни студии покажуваат дека, освен што го подобруваат менталното здравје и се составен дел од исхраната богата со хранливи материи, боровинките покажуваат и бројни други здравствени придобивки.

 

– Јадењето чинија боровинки дневно може да помогне во зајакнувањето на имунитетот и намалување на ризикот од дијабетес, дебелина и срцеви заболувања. Исто така, помагаат за одржување на густината и цврстината на коските, како и на здравото ниво на крвен притисок – вели нутриционистката Сапна Јајсинг Пател за порталот „Femina.in“.

 

Таа исто така верува дека јадењето мала порција бобинки дневно може да помогне во зајакнувањето на метаболизмот.

 

Ви претставуваме неколку начини на кои може да се консумираат боровинки, кои ги препорачуваат експертите.

 

  1. Додадете ги во житарките за појадок или овесната каша.

 

  1. Изблендирајте ги во смути: За да подготвите хранлива закуска, измешајте мусли, јогурт, мед, млеко и боровинки во блендер.

 

  1. Јадете ги како ужина и консумирајте ги во природна форма.

 

  1. Додадете ги во јогуртот.

 

  1. Користете ги во печива: Овесните колачиња и печивата имаат многу подобар вкус со боровинки.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma