Викторија Бекам му дава ЧАСОВИ ПО САЛСА на Дејвид: „Ова долу е одлично, ова горе е малку тесно“ (ВИДЕО)

popara6 април, 20231min00
5701bc008de52fb31fbc6e507ae05052a1b09daa

Викторија му ги броеше чекорите на сопругот за време на танцот, а и малку му се потсмеваше

Викторија ги одвела сопругот и ќерката Харпер на часови по салса, па сето тоа го сподели со своите следбеници на Инстаграм. Поранешната Спајсица (48), која неодамна ги покажа своите влогерски вештини со носталгичната обиколка на спалната соба од детството, сега се потсмева на напорите на нејзиниот сопруг. Додека Дејвид се обидуваше да се опушти за време на танцот, Викторија го задеваше.

Дизајнерката и мајка на четири деца го започна своето видео додека семејството го паркираше автомобилот и тргна на час.

„Јас, Дејвид и Харпер одиме да танцуваме салса“, рече таа пред камерата на паркингот.

Потоа го покажа поранешниот фудбалер Дејвид како се загрева и се смешка додека таа се шегува:

„Дејвид се загрева на паркингот“.

„Едвај чекам да ја видам салсата на Дејвид Бекам“, се потсмеваше Викторија кога се најдоа во студиото.

Таа за часот по танц облекла тесни црни панталони, маица и високи сандали, додека Дејвид имаше слична комбинација, додавајќи беж колан и бели патики.

Дејвид тогаш призна, покажувајќи го своето тело: „Оа долу е одлично, ова горе е малку тесно“.

„Дали се трудиш да се опуштиш?“, се насмеа Викторија додека нејзиниот сопруг се смееше и одговори „малку“.

Кога танцуваа, покажаа прилично импресивна рутина, а видеото може да го погледнете ТУКА.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma