Познатите личности често користат социјални мрежи, но актерката Скарлет Јохансон не е една од нив.
Како гостин во подкастот Skinny Confidential Him & Her, таа објасни зошто нема профил на социјалните мрежи, па дури ни „лажен“ на кој ги следи моменталните случувања.
Актерката претходно користела Инстаграм, но го избришала.
– Не можам. Моето его и мозок се премногу кревки. Јас сум како нежен цвет – рекла актерката.
Таа вели дека е загрижена и без социјалните мрежи, но своевремено кратко време имала профил на Инстаграм. Сфатила дека гледањето на тој профил ја прави анксиозна, како да сака да живее туѓ живот, а не свој. Така, таа го избришала Инстаграм и не го реактивирала. Сепак, таа понекогаш користи TikTok од профилот на нејзиниот бренд The Outset, кој го основа со Кејт Фостер.
– И двете сме навистина лоши во тоа, но забавно е. Сакам да читам критики од клиенти и понекогаш да правам видеа. Но, секогаш кога ќе го вклучам TikTok во канцеларија, јас сум како тригодишно дете со телефонот на мајка му и целосно сум впиена во него. Така што знам дека не можам да имам TikTok – заклучи таа.