Заборавете на СЕ што сте слушнале до сега – ОВА е тајната за НАЈДОБРИОТ интимен однос

popara7 април, 20231min00
profimedia-0392533950

Според истражувањата, една работа е најважна за квалитетно водење љубов.

По спроведеното истражување за спиење за една британска компанија, д-р Верена Сен, невролог, објасни како спиењето помага во сите аспекти на животот, вклучувајќи го и оној интимниот.

-Кога не спиеме доволно, нивото на кортизол во телото расте, а тестостеронот е потиснат, поради што недостатокот на сон ја намалува желбата за водење љубов, но и веројатноста за добар однос – објаснила таа.

Покрај тоа, вели таа, спиењето може да ја зголеми нашата самодоверба поврзана со физичкиот изглед и да помогне во балансирање на автономниот нервен систем, кој ги регулира основните телесни функции како што се дишењето и варењето, како и оние секундарните, интимните.

Уште едно истражување за врската меѓу интимните односи и спиењето е објавено во „Journal of Sexual Medicine“ и покажало дека со секој дополнителен час сон, шансите на жените да започнат интимни односи се зголемуваат за 14 проценти.

seks

„Спиењето го зголемува нивото на енергија и ја подобрува издржливоста, па го намалува нивото на хормоните кои предизвикуваат стрес, што ни овозможува да бидеме позадоволни од нашето тело“, изјави д-р Сен за „The Sun“.

Спиењето, додава таа, ја зголемува и креативноста, така што поголема е веројатноста да експериментирате во спалната соба, испробувајќи нови пози и видови на предигра.

– Би рекла дека тајната на одличниот интимен однос е седум до девет часа квалитетен сон – заклучила докторката.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma