МОДНО (НЕ)УСОГЛАСЕНИ? Хејли во елегантен изглед, а Џастин во обични влечки

popara7 април, 20231min00
o_28614445_1280

Моментално се еден од најпознатите и најследените славни парови – Хејли и Џастин Бибер се „it“ парот кој најчесто привлекува внимание со својот моден избор. Хејли е девојка која наметнува трендови, моден минимализам и секојдневна елеганција, а Џастин повеќе од својата музичка кариера се посвети на својот бренд Drew House, кој се базира на спортски парчиња и лежерна облека, кои најчесто имаат заштитен знак во форма на насмеано лице.

image

Двојката обично е модно усогласена, но во последното вечерно излегување, секој реши да остане целосно во сопствената естетика – Хејли облече црн oversized костум со чевли со шпиц, а сè заокружи со очила за сонце.

image

Наспроти нејзината современа елеганција, Џастин се одлучи за рефлектирачка пафер јакна, тренерки и влечки со потписот на неговиот моден бренд. Бибер го негува овој имиџ во последните неколку години и веројатно припаѓа на мал процент на луѓе кои можат да го носат овој изглед за ноќно излегување. Во секој случај – парот Бибер изгледаат тотално модерно, а на фотографиите направени од папараците разменувале нежности и изгледале заљубено. Парот се венча во 2018 година, а пред бракот беа во врска две години, а до сега се познати како еден од постабилните холивудски парови.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma