Шпанските медиуми се запалија: Додека Пике ја изневеруваше Шакира со Клара, неговата љубовница го изневерувала со Гвардиола

popara8 април, 20231min00
pike-830x0

Откако славниот шпански фудбалер Жерар Пике ја изневерил сопругата Шакира со помладата Клара, што довело до нивна разделба, неговата љубовница „му забила нож во грб“ и наводно сега го изневерила него.

Љубовницата на Пике, Клара Чиа, наводно го изневерувала со поранешниот фудбалски тренер на Барселона, Пеп Гвардиола.

За време на 12-те години што Шакира и Пике беа заедно, многу медиуми истакнаа дека Пике ѝ бил неверен. Но, сега фотографот Џорди Мартин тврди дека Шакира не била единствената која била изневерена и дека Клара Чиа исто така му била неверна на партнерот што го имала непосредно пред играчот.

– Ќе му објаснам на светот како се случи големото предавство – изјави тој за „Univision“.

– Веќе и кажав на Шакира дека имам доказ кога, како и каде е изневерена. Ќе презентирам две неверства. Едно од 2016 година и она со Клара Чија – продолжи тој.

Тој тврди дека Клара Чиа била девојка на братот на најдобриот пријател на Пике, кој работел во Космос, компанијата на играчите на Барселона. Играчот организирал вечера во друштво и таму била 23-годишната студентка, очигледно таа и Пике се заљубиле на прв поглед и почнале да излегуваат без да им кажат на партнерите.

– Тој оди на вечера со својата девојка Клара Чиа, а Жерар Пике ја зема девојката на својот пријател. Клара го изневеруваше своето момче, а Жерар ја изневеруваше Шакира.

Џорди Мартин објасни повеќе детали за неверството на Клара Чиа.

– Пике има најдобар пријател. Клара беше девојка на братот на пријателот на Пике. Од моментот кога се запознале, тој бил заљубен во оваа девојка – рекол Мартин.

Пике тогаш мислел дека Клара го оставила своето момче кога почнала да излегува со него, но тоа било делумно точно, бидејќи потоа флертувала со Пеп Гвардиола, тренерот на клубот од Барселона.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma