Дали маникирот е безбеден? Треба да го знаете ова ако имате гел на ноктите

popara9 април, 20231min00
3a739495a502b172fcb8d7c606af5a5ffa9eec33

Секоја дама сака да има совршени нокти. Сепак, најновите откритија покажуваат дека маникирот со гел не само што ги истенчува природните нокти, туку може да предизвика и многу поголеми последици.

Бројни истражувања го потврдија присуството на штетни хемикалии во лаковите за нокти, но и штетноста на ацетонските и УВ ламбите, кои се незаменлива алатка на патот кон совршен изглед на ноктите.

Секој маникир оставен на ноктите подолго време е опасност за вашето здравје, бидејќи немате увид во промените што се случуваат на вашите нокти – нагласува д-р Крис Аидиган, дерматолог од Универзитетот во Њујорк.

Една неодамнешна студија покажа дека зрачењето што го испуштаат УВ ламбите за нокти кои вообичаено се користат за гел-лак може да ја оштети ДНК во клетките на кожата и да предизвика мутации во човечките клетки.

„Нашата студија опишува потенцијален фактор на ризик за рак кај жените кои редовно прават маникир со гел. Важно е да се измери ризикот, особено за луѓето со поголема чувствителност на УВ светлина и подложни на рак“ – рече д-р Марија Живагуи, првиот автор на студијата и постдокторски соработник во лабораторијата Александров на Универзитетот во Калифорнија, Сан Диего.

УВ ламбите што се користат за маникир со гел се тема на дебата со години како фактор на ризик за рак на кожата, а тврдењата се сметаат за контроверзни и бараат дополнително истражување. Сепак, експертите тврдат дека секој тип на маникир во салон за нокти може да носи ризици по здравјето.

Некои мерки на претпазливост

Експертите препорачуваат преземање на некои здравствени мерки на претпазливост за да се заштитите од потенцијалните ефекти на УВ светлината и изложеноста на хемикалии.

Пред сè – ограничете ги посетите на салонот за нокти на неколку пати годишно, а не постојано. Регулирајте го вкупното време поминато во салоните за нокти. Исто така, изберете обичен лак за нокти наместо акрил кој се лепи за вашите нокти или гел за кој се користат УВ сушари.

Задолжително нанесете крема за сончање или ракавици со исечоци за прсти за да ја минимизирате изложеноста на УВ или побарајте алтернативна LED ламба.

Лекарите се согласуваат дека е во ред да направите маникир за посебна пригода или како подарок за себе, но дека е попаметно да избегнувате да одите во салон секоја недела, па и секоја трета.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma