Супер трик: Како можете да користите замрзнат лимон?

popara9 април, 20231min00
654154_liiiimuuun_f

И кората е полна со витамини

Лимонот е расиплива намирница, особено ако се чува на собна температура. Токму поради оваа причина многумина препорачуваат замрзнување на лимоните. Ако одлучите да го замрзнете лимонот, прво измијте го во мешавина од оцет и вода.

Потоа исечете го на четвртинки и ставете го на чинија во замрзнувач да се замрзне. Откако ќе се замрзне, префрлете ги лимоните во кесички и вратете ги во замрзнувач.

При замрзнување на лимони, важно е секој дел од лимонот, вклучувајќи ја и кората, да биде употреблив. Имено, кората од лимон содржи и до 10 пати повеќе витамини од самиот плод. Покрај четвртини или цели лимони, можете да замрзнете и сок од лимон. Лимонот убаво исцедете го, а сокот истурете го во сад за коцки мраз. Извадете го вака замрзнатиот сок од лимон по потреба и додајте го во лимонада или други пијалоци.

Најдобрата опција е лимонот што го замрзнувате добро да го измиете со сода бикарбона. Потоа полузамрзнат со кората се ренда како компир и се јаде како салата со мед или со рендан ѓумбир. Замрзнете лимон и уверете се во сите придобивки од оваа ледена намирница.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma