Џенифер Лопез е Мајка! Погледнете го првиот трејлер за новиот акционен филм на Нетфликс

popara12 април, 20231min00
o_28661655_1280

Џенифер Лопез се врати со акционен хит. Новиот филм на познатата актерка не е романтична комедија или музички филм, туку полнокрвен трилер „The Mother“, кој ќе се прикажува на Нетфликс. Сега излезе првиот трејлер за претстојниот филм. Лопез глуми платен убиец кој излегува од сопственото скривалиште за да ја заштити својата ќерка, која морала да ја напушти поради природата на нејзината опасна работа. „Јас сум убиец. Но, јас сум и мајка. И ќе умрам за да ја заштитам“, вели Лопез во најавниот трејлер.

Режисерката Ники Каро го опиша новиот филм како „ретка комбинација на високооктански дејствија и искрени емоции“, а Џен Лопез беше подготвена за предизвикот. „Единственото нешто што ме изненади беше тоа што Џенифер не била акционен херој цела нејзина кариера“, изјави режисерката за People. Актерката последен пат ги покажа потезите на својата акциона страна во 2002 година во трилерот „Enough“ (Доста).

„Џенифер ја покажа својата легендарна вештина и прецизност во акционите елементи, но ја донесе и својата сила како карактерна актерка и нејзиното искуство како мајка и го стави во суштината на филмот – знаев дека Џенифер е единствената актерка за таа улога“, изјави режисерката Каро.

image

Но Лопез не е единственото познато име во филмот, покрај неа се Џозеф Фајнс, Луси Паез, Омари Хардвик, Пол Раси и Гаел Гарсија Бернал. Режисерката рече дека сака да го сними овој филм, бидејќи ја става мајката во центарот на заплетот на овој акционен филм. На мајка која е „цврсто решена да го заштити своето дете“. Акциониот филм „The Mother“ е достапен на Нетфликс почнувајќи од 12 мај, пред викендот за Денот на мајката во Америка.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma