И официјално: Се снима серија за Хари Потер, ова се деталите

popara13 април, 20231min00
profimedia-0745524153-830x0

Џ.К. Роулинг ќе биде извршен продуцент на серијата заедно со Нил Блер и Рут Кенли-Летс

Возбудливи вести за фановите на „Хари Потер“, бидејќи стриминг платформата „HBO Max“ официјално ја започнува реализацијата на серијата базирана на книгите на Џ.К. Роулинг.

Ворнер Брос, компанијата зад овој проект, во средата објави дека секоја сезона од серијата ќе се базира на една од магичните книги во франшизата.

Сепак, серијата ќе има сосема нова актерска екипа од филмовите кои ги прославија Даниел Редклиф (Хари Потер), Руперт Гринт (Рон Визли) и Ема Вотсон (Хермиона Гренџер).

Осумте филмови за Потер заработија повеќе од 6 милијарди фунти на благајните помеѓу 2001 и 2011 година.

Џ.К. Роулинг изјавила дека се радува што ќе биде дел од нобата серија за Хари Потер и ќе влезе во длабината и деталите што филмовите не можеле да ги доловат.

„Важна ми е посветеноста на „HBO Max“ за зачувување на интегритетот на моите книги. Со нетрпение очекувам да бидам дел од оваа нова адаптација која ќе овозможи одреден степен на длабочина и детали што можат да ги обезбедат само долгометражните телевизиски серии“, рече Џ.К. Роулинг.

„Возбудени сме што ќе и дадеме на публиката можност да го открие Хогвортс на сосема нов начин. Хари Потер е културен феномен и јасно е дека постои таква трајна љубов и жед за светот на волшебниците“, рече Кејси Блојс, претседател и Извршен директор на “HBO & Max Content“.

Џ.К. Роулинг ќе биде извршен продуцент на серијата заедно со Нил Блер и Рут Кенли-Летс, пишува „Daily Mail“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma