Ова е најбрзиот и најлесниот начин за чистење на рибата: Ќе биде подготвена за готвење во рок од 5 минути

popara13 април, 20231min00
shutterstock1344005663-830x0

Ќе ви успее секој пат

Рибата е идеална медитеранска храна која треба често да се наоѓа на вашето мени. Бидејќи во тек е пост, повеќето луѓе редовно подготвуваат риба, а скоро на сите им е потребен трик за брзо чистење.

Секако, секогаш постои опција вработениот во рибарницата да ви ја исчисти рибата, но оваа работа можете да ја направите и сами дома.

Пред да започнете со чистење и подготовка на рибата, важно е да знаете како да препознаете дали рибата е свежа. Свежата риба има бистри и испакнати очи, а ако очите се пропаднати или заматени, совет е да не ја купувате.

Најпрво треба да ги отстраните крлушките така што ќе ја поминете рибата со брзо движење на ножот од опашката до главата. Исчистете ја рибата од двете страни, па добро измијте ја.

Потоа со остар нож исечете ја рибата по средината на стомакот и извадете ја внатрешноста.

Сега е време да се отстрани главата.

Ја сечете главата на рибата така што ќе ја положите рибата на едната страна, а потоа со нож направете дијагонален рез од стомакот кон грбот во близина на главата, повторете ја постапката од другата страна.

Откако ќе го направите резот во форма на буквата V, отселно извлечете ја главата на рибата со рака.

Рибата сега е подготвена за готвење!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma