Доаѓа нова сезона од серијата „True Detective“: Се решава мистериозното исчезнување на осум истражувачи на Алјаска

popara14 април, 20231min00

На платформата на HBO Max доаѓа новата сезона на серијата „True Detective“ во која глуми Џоди Фостер како детективката Лиз Данверс и Еванџелин Наваро како Кали Рајс, кои го истражуваат исчезнувањето на осум истражувачи во измислениот град Енис, Алјаска.

Трејлерот започнува со снимка од малиот град Енис во текот на ноќта, додека Денверс (ликот на Џо Фостер) се слуша како вели: „Некои луѓе доаѓаат на Алјаска да се извлечат, да побегнат од нешто. Понекогаш доаѓаат овде барајќи нешто. Понекогаш го наоѓаат“, им вели таа на двајцата мажи што седат спроти неа.

Детективката Лиз додава дека работи на случајот на група мажи кои исчезнале пред 48 часа, додека ја гледаме како седи во спирала од фотографии на подот.

Според продуцентите, серијата ќе се емитува оваа година.

Погледнете го трејлерот:

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma