ЧУВСТВУВАТЕ ДЕКА МАЖОТ СИ ИГРА ТОПЛО ЛАДНО? Постојат 3 причини за тоа, но и само една работа што треба да ја направите!

popara14 април, 20231min00
471603_par1_f

Специјалистот за партнерски односи, Слаѓана Трикиќ, смета дека веднаш треба да престанете да губите време со маж кој со вас се однесува топло ладно.

Некои девојки влегуваат во врска со маж кој некако ги збунува со своето однесување. Некогаш изгледа заинтересиран, па се повлекува и не одговара, па пак одговара и така во круг.

Овие топло-ладни игри имаат неколку причини зошто мажите го прават тоа, а трансформацискиот тренер, специјализиран за партнерски односи, Слаѓана Трикиќ, открива кои се тие:

– Првата причина е што тој едноставно не е сигурен како се чувствува за вас.

– Втора причина – не е сигурен дали врската во која стапил со вас е токму она што му треба и сака.

– Трета причина, која е исклучително честа – тој едноставно има повеќе опции во моментот.

Без оглед на причината зошто мажот си игра топло-ладно со вас, не треба да си го губите времето обидувајќи се да го убедите во вашата вредност. Вашата цел не е да убедите некого во вашата вредност, туку да најдете некој кому тоа уверување воопшто не му треба – заклучува Слаѓана.

Дали некогаш сте имале ситуација кога некој (потенцијален) партнер се однесува вака и како сте го решиле тоа?

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma