ПОЗНАТИОТ АКТЕР ИТНО ХОСПИТАЛИЗИРАН! Ќерката на оскаровецот проговори и ги откри деталите, јавноста вознемирена

popara14 април, 20231min00
Screenshot_3

За Џејми Фокс моментно пишуваат светските медиуми откако го прекина снимањето на новиот филм и заврши во болница, од непознати причини. Така, овој американски комичар, продуцент, пејач и актер, од неодамна повторно стана интересен за јавноста, од тоа колку „тежи“ до како се збогатил и станал славен.

 

 

 

Роден како Ерик Марлон Бишоп во Терел, Тексас на 13 декември 1967 година, тој беше посвоен набргу откако беше роден од Марк Тали и Естер Мари, па така Фокс немал речиси никаков контакт со неговите биолошки родители за време на неговото детство.

 

Фокс тврди дека влијанието на неговата баба одиграло огромна улога во неговиот успех во кариерата.

 

Ја започнал својата кариера како комичар правејќи стенд ап комедии, што му донесе улога во ТВ-забавното шоу „Жива боја“, а потоа имаше свое шоу „Шоуто на Џејми Фокс“. Откако се стекна со популарност се впушти во филмови и музика, поточно тргна смело по патот да станете една од најголемите ѕвезди на Холивуд и на забавната индустрија.

Џејми Фокс денес има успешна кариера како актер, продуцент, пејач, комичар, но познат е и во рекламната индустрија, со многу договори со спонзори од кои заработи нето вредност од 170 милиони долари, според релевантни американски онлајн сајтови.

Тој има многу музички хитови и филмски улоги, но можеби неговата најдобра изведба беше кога го играше Реј Чарлс во биографскиот филм на музичарот во 2004 година, освојувајќи 19 награди таа година, вклучувајќи го и Оскарот за најдобар актер.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma