Овие сигнали откриваат дека партнерот ПОВЕЌЕ НЕ ВЕ САКА – Препознајте ги на време

popara11 јануари, 20241min00
Screenshot_7

Брачната терапевтка Беки Вајтсон за Cosmopolitan  вели дека луѓето коишто се во долга врска или брак можат во одреден период да доживеат таканаречен „емоционален развод“, односно да престанат да имаат чувства кон партнерот.

 

 

 

 

Тој момент е окарактеризиран како максимален степен на незадоволство од партнерот и кога ќе се случи секој на свој начин се соочува со таквото емоционално искуство.

 

Постојат неколку типични карактеристики кои покажуваат дека партнерот повеќе не ве сака. Ова се петте најчести кои може да ги препознаете:

 

 

  1. Често ве критикува

Вљубените луѓе лесно ги простуваат секојдневните грешки на партнерот, но кога не постојат повеќе чувства и најмалите ситници стануваат проблем. Ако на партнерот му оди на нерви сè што ќе кажете или направите, веројатно повеќе не чувствува љубов кон вас.

 

  1. Сака да се дистанцира

Оваа состојба обично се случува по караница меѓу брачните партнери или луѓето во врска, кога двајцата или едниот од нив ги затвора чувствата пред другиот. Вајтсон советува да почекате барем 20 минути по секоја караница, а потоа да се обидете да ја смирите ситуацијата инаку во спротивно сте на добар пат кон „емоционален развод“. Ако вашиот партнер така се однесува кон вас и кога не сте скарани, веројатно веќе е доцна за спасување на врската.

 

  1. Не се смеете заедно

Ако вашите заеднички моменти престанале да бидат забавни и додека сте заедно сè повеќе молчите и ретко се смеете, време да размислите за тоа колку вашата врска, односно брак има смисла. Терапевтката истакнува дека заладените односи меѓу партнерите се забележуваат во кратките забелешки и долгите периоди на тишина.

 

  1. Недостаток на комуникација

Една од првите ознаки дека на партнерот не му грижа за вас е избегнување комуникација со вас. Ако само кратко ви одговара на прашањата и не се впушта во долги и искрени разговори можно е вашиот однос да не функционира како претходно.

 

  1. Повеќе е со другите отколку со вас

Партнерите меѓусебно треба да си бидат најголема поддршка во животот, а ако забележите дека вашиот партнер повеќе се потпира на семејството, пријателите или на некој трет, тоа е знак за алармирање.

 

Поентата на „емоционалниот развод“ не е во физичкото неверство, туку во исчезнувањето на поврзаноста којашто вас ве прави пар.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag